понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Пелистер на бизнисменот Силјан Мицевски доби тендер тежок 12 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК

Пелистер на бизнисменот Силјан Мицевски доби тендер тежок 12 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК

За ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во Рудник Брод-Гнотино (РЕК Битола) фирмата Пелистер од Битола на бизнисменот Силјан Мицевски го доби тендерот во вредност од над 12 милиони евра.

Согласно објавените податоци на Бирото за јавни набавки вредноста на тендерот изнесува 785.821.000,00 денари, а времетраењето на договорот е 12 месеци односно една година.

Владејачката СДСМ додека беше во опозиција обвинуваше за ваквите тендери и најавуваше дека ќе се купи сопствена механизација која подоцна ќе се користи за ископување на јаглен, но се уште нема ништо од тоа.