сабота, 20. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски во „Опуштено“: Имав убаво и среќно детство исполнето со спорт, излегување, забави, флипери

Мицкоски во „Опуштено“: Имав убаво и среќно детство исполнето со спорт, излегување, забави, флипери

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Опуштено“ зборуваше за своето детство и укажа дека имал среќно и убаво детство исполнето со сите атрибути спорт, излегување, флипери, забави и слично.

– Имав убаво детство, среќно детство со фини дечки и во основното училиште и во средно, мислам стварно беше перфектно. Оние луѓе со кои пораснав беа чесни деца, добри деца кои сега прераснаа во возрасни луѓе секои со свои семејства. Често пати кога ќе се сретнеме се сеќаваме на спомените од тој период, но некако имавме безгрижно детство. Бевме друштво кое многу се сложува. Ако некој ме праша како го поминав тоа детство, можам да кажам прекрасно со сите атрибути спорт, излегување, флипери, забави, дружење, рече тој.

Мицкоски во своето гостување зборуваше и за своите деца односно дали некој од нив ќе ја продолжи научната приказна во семејството.

– Малиот син не знам, тој е 5 години, не знам како ќе се развива. Поголемиот син Јован, сега се запиша во средното училиште „Орце Николов“ има амбиција, учи доста, посветува многу време на книгите. Од она што сега го гледам амбицијата негова нема да биде поврзана со инженерската наука, повеќе го влече како тетка му и баба му да биде по медицината, но ќе видиме, додаде тој.

Најнови вести