среда, 1. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Концептот „Македонија за сите луѓе“ е за крај на криминалот на Вице, Трајче и Зоки

ВМРО-ДПМНЕ: Концептот „Македонија за сите луѓе“ е за крај на криминалот на Вице, Трајче и Зоки

Концептот „Македонија за сите луѓе“ е за крај на криминалот на Вице, Трајче и Зоки. 4 години ова фамилијарна тројка ја пустоши Македонија, криминалот, корупцијата и рекетот станаа секојдневие, и никој со нив на власт не е безбеден, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заеви направија од Македонија земја на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Прв ред се Заеви, луѓето околу нив и тие кои им служат, а граѓани од втор ред се сите чесни граѓани, кои се предмет н шиканирање и рекет од власта. За Заеви не важат законите. 2 години нема разрешница за Рекет, а слушнавме како човекот кој ја носеше ташната со изрекетирани милиони – Бојан Јовановски, кажа дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Ниту Зоран, ниту Вице се повикани на распит, а за постапка против нив воопшто не станува збор, велат од партијата.

Од таму додаваат дека името на Вице мистериозно исчезна од пријавата за рекет во РЕК Битола, а ЈО и МВР молчат. Со молк се премостува очигледен криминал.

-Луѓе на Трајче Заев беа фатени во шверц со дрога, а Трајче Заев, исто како и Зоран и Вице за многу случаи не е ниту повикан на распит. Концептот „Македонија за сите луѓе“ е крај за криминалот и недопирливоста на Вице, Трајче и Зоки. Да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!, потенцираат во партиското соопштение.

Најнови вести