вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Пастата и четката не се доволни: Ако сакате да имате здрави заби, мора да го знаете ова

Пастата и четката не се доволни: Ако сакате да имате здрави заби, мора да го знаете ова

Внимателното четкање и миење на забите како што ве советувале стоматолозите не е доволно за тие да останат чисти и здрави, туку подеднакво важна е и здравата исхрана.

Внесувањето на важните витамини во исхраната може да донесат многу бенефити за вашето орално здравје. Самата паста за заби не е доволна, вели стоматологот Стивен Лин од Австралија.

Според доктор Лин, најважни за здравјето на забите се витамините А, К2, D и Е, но голем дел од луѓето не ги конзумираат во доволно големи количини.

„Кога не внесувате доволно витамин А вашите жлезди не си ја извршуваат правилно работата и може да предизвикаат појавување на точки на површината на забите. Витаминот D е клучен за силни и здрави заби, и тој поттикнува регенерација на забните ќелии“, вели доктор Лин.

Витаминот К2 помага правилно да се распореди калциумот во телото, додека витаминот Е е антиоксиданс кој ги држи под контрола бактериите во устата.

Витаминот А се внесува преку млечни производи, јајца, морков и жолт зеленчук, витаминот К2 се наоѓа во путер, јајца, салама и лесни сирења, витамин Е има во брокула и спанаќ, додека витамин D има во печурки и полномасни сирења.