недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Советниците од групата на Наумоски во Ѓорче Петров во обид да легализираат криминал

Стоилковски: Советниците од групата на Наумоски во Ѓорче Петров во обид да легализираат криминал

За жал во моментов ве повикав да посведочите на еден криминал, на легализација на криминал. Се работи за криминогената набавка на оние 2 машини за перење за општинска градинка во Ѓорче Петров по цена со единствен понудувач на тендер со неспроведена е-аукција од 25.500 евра. Тендер спроведен спротивно на онаа мерка која што самите ја нагласиле, а тоа е набавка според критериум најниска сцена, а ја избрале највисоката цена затоа што имало само еден понудувач, а вториот наводно не поднел целосна документација, изјави денеска за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој рече дека е потпишан договор за веднаш потоа да стигне признание од Општината Ѓорче Петров дека пари немало, да стигне исто такво образложение и од градинката дека пари за набавка на овие машини немало, при потпишан договор, што отвора огромен сомнеж за нечесни намери и можност за криминогени состојби внатре во оваа јавна набавка.

– Со тоа што следуваше период во кој по сите правдања од страна на градоначалникот Александар Наумоски од СДСМ во Ѓорче Петров, д ана крај денеска насилно од страна на Советот на Општина Ѓорче Петров биде свикана 55 седница на општината со дневен ред измена и проширување на буџетот и префрлање сметка од сметката дотации на сметка основен буџет, понатаму одлука и измена и распоред на средства, односно пренамена на средства со која што според оваа одлука од општината се префрлаат пари на градинката со две ставки. Одржување на згради и купување на друга опрема во висина од 1.534.000 денари или во превод 25.500 евра, онолку колку што чинеше набавката на двете машини за перење. Онолку колку што општината Ѓорче Петров со нејзиниот градоначалник Александар Наумоски велеше дека тоа е набавка од сопствени средства на градинката, онолку колку што општината Ѓорче петров велеше дека нема врска со набавката на овие две машини, онолку колку што е потребно за градинката да плати на компанијата единствен понудувач добро позната во општината Ѓорче Петров за набавка на две машини во вредност од 25,500 евра, појасни Стоилковски.

Тој потсети дека се работи за фирма со основна дејност транспорт од тука од Ѓорче Петров, со седиште недалеку од општинската зграда, не далеку од соседството во кое живее градоначалникот, со седиште во Хром, мала по обем, со ДООЕЛ кое е редовен добитник на тендери во Ѓорче Петров и градинката Росица, онаа во која треба да се сместат овие две машини за перење во вредност од 25,500 евра.

– Само во месеците април и мај општина Ѓорче Петров и градинката, односно директорката на градинката и градоначалникот на Ѓорче Петров имаат распишано четири тендери и на сите четири тендери добитник е истата фирма од Хром. Почитувани според кажувањата на сите присутни тука на седницата, според кажувањата на граѓаните од Ѓорче Петров, има и постои основен сомнеж дека се работи за добро разработена криминогена тројка зад којашто не стојат само партиски интереси, не стојат само бизнис интереси, туку постои и огромна можност за постоење на врски од крвно сродство, се работи можеби за семејство, се работи можеби за втори или трети братучеди. Вакви работи не смеат да се повторуваат. ВМРО-ДПМНЕ веќе ги повика Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата да поведе истрага. Од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров беше побарано да се сочека со префрлањето на парите за да заврши таквата истрага. Сепак, по брза постапка беа префрлени овие пари на градинката Росица, очигледно за да се замачка криминогеното работење и овој тендер, додаде Стоилковски.

Најнови вести