вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во употреба пуштена уште една улица во општина Петровец

Во употреба пуштена уште една улица во општина Петровец

Во општина Петровец денеска свечено во употреба беше пуштена уште една улица. Имено, улицата со сечење на лента во употреба беше пуштена од страна на градоначалникот на општината Борче Митевски, директорот на ЈКП ,,Петровец,, Андрејчо Гроздановска, дел од советниците од Советот на Општина Петровец како и дел од жителите на ул. 2.

-Градоначалникот Борче Митевски заедно со директорот на ЈКП ,,Петровец,, Андрејчо Гроздановска, дел од советниците од Советот на Општина Петровец како и дел од жителите на ул. 2 , свечено со сечење лента ја пуштија во употреба улица ,, 2 ,, во населено место Ржаничино која е целосно асфалтирана. Улицата е во должина од 900 метри. Финансиските средства за изградба и асфалтирање на улицата се во износ од 4.200.000,00 денари, средства во целост обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Жителите кои присуствуваа на оваа свеченост,изразија голема благодарност до градоначалникот Митевски за остварувањето на предизборното ветување за асфалтирање на ул.2 во целост. Градежните активности поврзани со инфраструктурата ќе продолжат и во летниот период , во сите населени места каде тоа е потребно, пишува во објавата на својот Фејсбук профил Митевски.