Родителите си ги обожаваат своите деца и речиси и нема нешто што не би сториле за нив, но и покрај тоа може низ главата да им пролетаат некои мисли кои се застрашувачки за нив.
Тие се резултат на фрустрациите кои се останати од нивното детство. Ова се шест од нив кои според училишниот психолог Кејт Робертс се секогаш проследени со интензивно чувство на вина и срам затоа што сметаат дека тоа прави да не се добри родители.
Доколку се појавуваат и кај вас имајте на ум дека не сте сами, но потребно е да работите на нив за да се отстранат за доброто на децата.
1. „Ова не е детето на кое се надевав“
Родителите имаат најдобри намери кога формираат очекувања за тоа какви ќе бидат нивните деца во иднина. Некои очекувања се поврзани со интересите или професијата на детето, некои со неговото здравје, неговиот изглед итн. Сепак, под влијание на разни причини кои не се под нивна контрола, децата се развиваат во личности кои честопати не ги исполнуваат баш тие очекувања.
Секако дека децата и понатаму се такви на кои родителите би се гордееле, но очекувањата се изневерени и родителите се разочарани. Проблемот настанува кога тие се обидуваат да го потиснат разочарувањето затоа што се плашат дека не го сакаат своето дете такво какво што е и се лоши родители. Најдоброто што родителите можат да го направат во таква ситуација за своите деца е да си ги прифатат сопствените емоции, да поминат некое време жалејќи за тоа, а потоа да се помират и да живеат во хармонија со детето.
2. Му завидуваат на детето
Родителите кои не си ги исполниле детските сништа и имаат ниска самодоверба подоцна во животот можат да развијат љубомора кон успесите на своето дете. Иако безусловната љубов е присутна, тие се справуваат со својата завист преку жестоко критикување и дисциплина.
3. Споредби помеѓу децата
Родителите имаат навика да ги споредуваат своите деца и со тоа да ги критикуваат за нивните евентуални неуспеси. Едното повеќе учи, другото е поодговорно, а третото е најдобар фудбалер во маалото. Ваквото стереотипизирање не им дозволува на децата да се развиваат во тоа што навистина се или сакаат да бидат и е штетно и нездраво за нив.
4. Желба детето да било друг пол
Родителите честопати знаат дали посакуваат детето да биде машко или женско, но кога тоа нема да се случи најдобро е да почнат со помирување. Тука не може ништо да се смени.
5. Фаворизирање на едно од децата
Родителите кои имаат повеќе деца честопати фаворизираат само едно од нив согласно сопствените нездрави потреби и очекувања. Робертс додава дека не е здраво едното дете да се сака повеќе од другото и дека тоа се развива како резултат на нивната желба да имаат сојузник со кого ќе се чувствуваат посигурно.
6. Посакување негативни работи за другите деца
Тоа се релативно безопасни мисли, како на пример посакување другото дете да утне шут на натпревар или да не ја добие највисоката оценка. Тоа им се случува на несигурните родители кои мислат дека нивното дете мора да биде најдобро од сите за да се почувствува вреднувано. Во вакви ситуации потребно е родителот да ја согледа негативната слика за самиот себе и да направи разлика меѓу неа и потребите на детето. Тогаш оваа за нив застрашувачка мисла ќе исчезне.