четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се активираше вулканот Таал во близина на Манила, исфрла отровен гас

Се активираше вулканот Таал во близина на Манила, исфрла отровен гас

Вулканот Таал, што се наоѓа на околу 50 километри јужно од филипинската престолнина Манила, веќе една недела исфрла отровен гас, што може да загрози речиси 300.000 луѓе и ја покри Манила и околните области со смог.

Таал се наоѓа во средина на езеро и е еден од најактивните вулкани на Филипините, земја во таканаречениот „Пацифички огнен појас“, област со исклучителна сеизмичка и вулканска активност.

Најмалку 2.400 жители од околните села веќе ги напуштиле своите домови и се засолниле кај роднините или во училишните згради затворени поради коронавирусот, а се планираат и натамошни евакуации.

Таал последен пат еруптираше во јануари 2020 година, кога 135.000 лица биле евакуирани, а десетици куќи беа проголтани од вжештената лава. (МИА)