За 20 сантиметри денеска е понизок водостојот на Вардар кај Велес во однос на вчера. Понизок е водостојот и кај Јегуновце и кај Скопје.
Денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека пониско е нивото и на Црн Дрим за 15 саниметри во споредба со вчера, а за два сантиметри е пониско нивото и на Пчиња и Брегалница.
Кај езерата нема некои поголеми отстапувања.