четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Девојка украла 8 милиони евра: Еден од најспектакуларните грабежи во Германија

Девојка украла 8 милиони евра: Еден од најспектакуларните грабежи во Германија

Германската полиција уште ја бара Јасмин Гундоган од Бремен, која на 21-ви мај од компанијата за безбеден превоз на пари во која работела украла 8 милиони евра.

Полицијата неодамна објавила нејзина фотографија и германските медиуми од тогаш не престануваат да го истражуваат животот на 28-годишната мистериозна девојка. Некои детали за нејзиниот живот ги открил еден нејзин поранешен соученик, кој за “Bild” рекол дека уште како дете Јасмин сакала да биде богата и убава.

Дали тој нејзин сон ја натерал да ја изврши оваа кражба? Можеби.

„Сите мислевме дека не е многу бистра”, рекол нејзиниот поранешен соученик. Изгледа, пишува сајтот “Fenix”, дека Јасмин сепак била доволно бистра да изведе еден од најспектакуларните грабежи во Германија.

“Bild” пишува дека работата во компанијата на Јасмин и ја пронашол нејзиниот татко.

Инспекторите сега се потпираат на информациите кои би можеле да им ги дадат жителите на населбата во која живеела Јасмин со својата мајка и сестра. Полицијата трага и по евентуални соучесници во грабежот.

Гундоган во компанијата била одговорна за пакување и превоз на парите. Во петок, на 21-ви мај, украла контејнер со неколку вреќи полни со пари, а потоа отворила боледување.

Исчезнувањето на парите било откриено дури 4 дена подоцна. Според претходните истраги, контејнерот со број 06414 бил внесен во црн мерцедес со украдени регистарски таблички.