сабота, 20. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Британија ги укинува мерките: „Не можеме да мислиме само на Ковид“

Британија ги укинува мерките: „Не можеме да мислиме само на Ковид“

Светот веќе не може да мисли само на Ковид-19 и да ги игнорира другите критични здравствени и економски проблеми и образовните предизвици кои се акумулираа за време на пандемијата, изјави денеска британскиот министер за здравство.

„Не можеме да живееме во свет во кој размислуваме само за Ковид, а не за други здравствени проблеми, за нашите економски проблеми, за нашите образовни предизвици и мора да ја искористиме вакцината која, за среќа, работи“, изјави министерот за здравство Саџид Џавид за „Скај“ Вести.

Премиерот Борис Џонсон во понеделникот ги откри плановите за укинување на социјалните и економските ограничувања во Англија за две недели, што ќе биде тест дали вакцинацијата може да заштити доволно добро од многу заразната делта варијанта на вирусот.

По воведувањето на најтешките ограничувања во британската мирнодопска историја за борба против корона вирусот, Џонсон се потпира на програмата за вакцинација, која ја ослабна врската помеѓу бројот на заразени и хоспитализирани и верува дека вакцинацијата може да спречи пренатрупаност во случај на нов Ковид -19 бран.

Велика Британија беше на седмо местп во светот по стапката на смртност од Ковид-19, а Џонсон беше обвинет дека е премногу бавен во воведувањето на секој од трите британски карантини.

Но, одговорот на вакцинациите во Велика Британија е голем, 86% од возрасните ја примија првата доза на вакцината и 64% од оние кои до вчера примиле две дози, според владините податоци.

Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека вакцините се многу ефикасни во спречување на делта варијантата на вирусот во предизвикувањето на потешки болести и хоспитализација, особено по две дози.