четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Владата се фали со мерки, а месецов сепак ќе добиеме повисоки сметки за струја

ВМРО-ДПМНЕ: Владата се фали со мерки, а месецов сепак ќе добиеме повисоки сметки за струја

Власта по правило бомбастично претставува мерки, а реализацијата и ефектот се лоши. Поради необмисленоста и задоцнетите мерки во пандемијата ниту третина од предвидените средства не завршија во реалниот сектор. Затоа Македонија има 6200 затворени компании и 60 илјади новоневработени за само една година, а во исто време долгот достигна неверојатни 7 милијарди евра, ова денеска преку реакција на прес-конференцијата на економскиот тим на владата го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Впрочем имаме пад на БДП во првиот квартал од 2021, за разлика од Албанија, Косово и Србија кои бележат значителен раст. Поради неспособната власт не трошењето на буџетските пари, народот сега ќе го оптеретуваат со зелена такса од 4 денари по литар гориво и нов зелен данок, кои не се ништо друго освен кризни даноци кои ќе го уништат стандардот и стопанството. Дополнително ја покачија и електричната енергија за 12%, што е второ покачување за една година, кое кумулативно изнесува 20%. Да биде потрагично намалувањето на ДДв за електричната енергија не го следи навремено покачувањето, што преставува уште поголем удар за граѓаните, се вели во реакцијата.

Од таму додаваат декс со други зборови, владата презентира мерки, а истовремено го исцицува народот со поскапувања, нови такси и даноци.

Најнови вести