четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пријовиќ почнува нов бизнис, ќе ги „покоси“ сите естрадни богаташи: Инвестира брдо пари кои ќе и се дуплираат во иднина!

Пријовиќ почнува нов бизнис, ќе ги „покоси“ сите естрадни богаташи: Инвестира брдо пари кои ќе и се дуплираат во иднина!

Пејачката Александра Пријовиќ започнува да се занимава со нов бизнис, пренесуваат српските медиуми.

Младата пејачката за време на оваа корона криза смисли како дополнително да направи пари, па се одлучи да купува апартмани на Златибор.

Пејачката веќе пронашла пет апартмани во новоградба за кои наскоро ќе остави капар.

-Додека седеше дома за време на пандемијата доста време размислуваше за да покрене нов бизнис. Сфати дека од пеење можеби не секогаш ќе има пари, па разни идеи и поминаа низ главата, вели изворот близок до пејачката.

Тој додава дека пејачката зборувала со Филип, Брена и Бобо и одлучи дека изнајмувањето на апартмани е исплатлив бизнис.

По гласините се огласи и самата пејачка која ја потврди информацијата.

-Планирам да купам недвижности во иднина. Треба да мислам на иднината на моите деца. Се уште сум во преговори, но е точно дека имам неколку апартмани кои навистина ми се допаѓаат. Србија генерално е убава, јас го сакам Златибор и кога можам доаѓам со семејството да се одморам, често и настапувам, рече во една своја прилика пејачката.

Најнови вести