четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Синдикатот на УПОЗ одбележува 30 години од формирањето

Синдикатот на УПОЗ одбележува 30 години од формирањето

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), денеска ќе го одбележи јубилејот – 30 години од формирањето.

Пред 30 години, во јули, е формиран Синдикатот на УПОЗ како правен следбеник на Републичкиот одбор на управата, правосудството и финансиските организации на Македонија.

Според најавата од Синдикатот на УПОЗ, на прославата, покрај нивни членови ќе присуствуваат министрите за правда,Бојан Маричиќ, и за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, како и претставници на повеќе синдикати од странство.

По повод јубилејот биде промовирана монографија насловена „Синдикат на УПОЗ од формирањето до денес”, преку која ќе биде пренесен развојниот пат на Синдикатот од формирањето до денес. Ќе бидат доделени и благодарници на истакнати членови и соработници на Синдикатот на УПОЗ, кои континурано повеќе од 15 години, дале соодветен придонес и го афирмирале Синдикатот низ годините наназад.

Најнови вести