четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Запалена депонијата во Берово

Запалена депонијата во Берово

Четврти ден како гори депонијата во Берово. Директорот на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ Берово, потврди дека депонијата е опожарена и екипи на ТППЕ Берово заедно со тим од комуналното претпријатие се на терен.

– Зафатена е голема површина, изјави директорот Илија Рунтевски и додаде дека е направен пресек за понатамошно проширување на пожарот на депонијата.

Во гаснењето на депонијата тимот од комуналното претпријатие со две машини учествува во нанесување на земја, кој е единствениот начин за гаснење на пожарот, потенцира Рунтевски, а потребни се големи количини.

Како можна причина за запалувањето од претпријатието ги наведуваат високите температури, а не е исклучена и можноста за намерно палење на депонијата од страна на пиромани.