петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и Пакевски, Берово нема чиста вода за пиење, а од ветените проекти за Младински културен центар и ГП Клепало нема ни трага ни глас

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и Пакевски, Берово нема чиста вода за пиење, а од ветените проекти за Младински културен центар и ГП Клепало нема ни трага ни глас

Два месеци Берово е без чиста вода за пиење. Локалната власт на чело со градоначалникот Звонко Пекевски два месеци не можат да ја завршат реконструкцијата на резервоарите. Со СДС и Пакевски во туристичката населба Беровско езеро нема вода, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Берово има лошо улично осветлување веќе 6-та година со Пакевски на чело. Заради неспособноста на криминогеноста на локалната власт на СДС во Берово филтер станицата на ЈКП има исклучена струја. СДС и Пакевски не знаат да менаџираат со парите на Беровчани, буџетот на средното училиште „Ацо Русковски“ е 97% потрошен, училиштето се соочува со проблеми. СДС и Пакевски не можат да реализираат тековни работи, а за проектите кои ги ветија воопшто не станува збор, велат од партијата.

„Нема ништо од ветувањето за Младински културен центар, ниту од нов ГП Клепало.

6 години СДС и Пакевски во Берово, 6 години мизерија“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести