Денеска беше претставен новиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.
-Тимот во наредниот период ќе ги слушне потребите и проблемите на граѓаните. Ќе се слушнат мислења и предлози на секој граѓанин од општината. Добредојдени ќе бидат и критиките за евентуалните пропусти од минатото и ќе се извлече поука истите да не се повторат. Во новиот тим има уметници, математичари, правници, економисти, лекари, агрономи, актери, луѓе кои се компетентни во секој момент остро да се спротивстават на оваа ненародна власт која е најголемата несреќа која можеше да и се случи на Македонија, истакна Зоран Јованчев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.
Потенцираше и дека овој тим е склоп на млади и искусни лица.
Погледнете го видеото во продолжение.