Папата Франциск денеска прв пат се појави во јавност откако направи операција на цревата минатата недела. Од терасата на болницата ги поздрави собраните верници.
Папата (84) успешно се опоравува по операцијата, соопштија од Ватикан, пренесува АП.
Неговиот глас звучел малку ослабен додека ги поздравувал собраните верници пред поликлиниката Џемели.
– Во голема мера ја чувствувам вашата блискост и подршка во вашите молитви, порача папата Франциск на оние кои му посакаа побрзо оздравување.