Пејачот Дарко Лазиќ ја напушти Србија, а потоа се огласи од Австрија, каде најверојатно отишол поради настап.
Тоа што ги изненади фановите се последните фотографии на Лазиќ на неговиот Инстаграм профил, на кои се гледа дека пејачот повторно е русокос.
Дарко ја обои косата, а со тоа изгледа сака да најави некоја промена бидејќи истото го направи и минатата година.
Популарниот пејач неодамна објави дека ќе се пресели во Швајцарија, а дали промената на фризурата е вовед во почетокот на новиот живот, ќе видиме.