петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ СО ФАЈЗЕР НЕ Е ПОТРЕБНА ТРЕТА ДОЗА: Во САД целосно вакцинирани лица нема да добијат бустер

ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ СО ФАЈЗЕР НЕ Е ПОТРЕБНА ТРЕТА ДОЗА: Во САД целосно вакцинирани лица нема да добијат бустер

Здравствените власти на САД соопштија дека на Американците кои се целосно вакцинирани нема да им треба и трета доза од вакцината на американско-германскиот производител Фајзер/БиоНТек. Одлуката следува откако американските здравствени власти одржале состанок со претставници на компанијата Фаjзер.

Инаку, по се интензивното ширење на делта варијантата низ светот, фармацевсткиот гигант побара од ФДА и ЦДА, двете регулаторни агенции за лекови и храна да дозволат уште една бустер или засилувачка доза, шест месеци откако едно лице е целосно вакцинирано.

Сепак, остануваат на ставот дека целата ситуација со пандемијата на корона вирусот ја следат внимателно и доколку има потреба ќе биде одобрена и засилувачката доза.