Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури.
Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање и наводнување.
– Врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи за високите температури кои деновиве достигнуваат и над 40 Целзиусови степени, како и подaтoците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемената потрошувачка на водата која дневно надминува 300 000 кубни метри, претпријатието апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.