среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ излегоа со стари и истрошени кадри потонати во криминал, фокусот на јавноста нема да го изместат и со 100 монтирани случаи

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ излегоа со стари и истрошени кадри потонати во криминал, фокусот на јавноста нема да го изместат и со 100 монтирани случаи

СДСМ излегоа со стари и истрошени кадри потонати во криминал, фокусот на јавноста нема да го изместат и со 100 монтирани случаи. Петре Шилегов е градоначалник кој се посвети како да краде. Една набавка ја плаќа двојно поскапо од тоа што се плаќа во други држави или од тоа што е вообичаена пазарна цена. Зоран Зимбаков легализира погони со марихуана на фирми блиски до Заеви, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ацо Велковски малтретираше бремена жена која го изгуби бебето заради тоа. Филип Темелковски ја бетонизира Кисела Вода со узурпација на Расадник. Велимир Смилески троши 400.000 евра за вработување на партиски војници. Горан Трајковски се заканува на фирми и граѓани јавно пред камери. Константин Георгиевски не може да се справи со урбаната мафија, Охрид заради него може да ја загуби заштита од УНЕСКО. Марјан Јанев беше фатен како поткупува гласачи, истакнуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека нема кандидат кој го предложи СДСМ кој не е криминоген, насилник или неспособен, скоро сите се три во едно.

-СДСМ нема како да го избрише овој факт и затоа ќе се обиде да дефокусира. Реалноста е дека четири години во Македонија се живее лошо. Криминалот царува, а локалните шерифи осилени од Заев со нова кандидатура за нов мандат малтретираат луѓе. Времето на овие криминалци завршува. Време е за Македонија за сите луѓе, порачаа од партијата.

Најнови вести