петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Божиновски: Две години Георгиески не смее да сруши една дивоградба, заради кој статусот на Охрид на листата на УНЕСКО виси

Божиновски: Две години Георгиески не смее да сруши една дивоградба, заради кој статусот на Охрид на листата на УНЕСКО виси

СДСМ и Георгиески немаат план, немаат визија и не знаат како затоа што се прочитани од народот и наместо заедно напред сега заедно назад одат во изборен пораз. Ги добија изборите со лаги, ама лагите кратко траат и брзо излегуваат на виделина. Охрид немаше градоначалник, Георгиески е најнеспособниот градоначалник досега на Охрид, сè што вети излажа и ништо не реализира, изјави Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на денешната прес конференција.

Тој вели дека нема ни трага ни глас од раздолжувањето на општината, враќање на долгот и одблокирање на сметката.

– Со четири улици од кои две недовршени, на трета асфалтот се крена, а на четвртата цела сигнализација за пет дена избледи не се добива втор мандат за градоначалник. Не се отвори ниту една фабрика, нема катни гаражи, кејот и новото пристаниште ги нема ни на повидок, водовод и канализација за руралните средини нема, центарот на градот стана панаѓур, насекаде ѓубре и депонии, плоштадот кај чинарот не доби нов лик, нема нов здравствен дом, уништено образование и никаква детска заштита, лоши услови за спорт и рекреација, разочарани млади, плажите изорани и разрушени сред туристичка сезона, хаос во сообраќајниот режим, уништени детски игралишта, исечени и асфалтирани дрва, нехуман третман на бездомните животни, и уште многу работи и ветувања од кои ништо не е реализирано. Две години Георгиески не смее да сруши една дивоградба, заради кој статусот на Охрид на листата на УНЕСКО виси. Георгиески само се грижи за нови партиски вработувања во општината и јавните претпријатија кои ги плаќаат граѓаните од својот џеб, преку повисоки сметки за вода, нискоградба и колектор, посочи Божиновски.

– Доста е од нови политички пазари, селективност во рушење дивоградби, партиски популизам и поигрување со националните чувства на Македонците. Ова мора да заврши и ќе заврши. Време е да им се стави крај на неработниците и неспособните, само така Охрид ќе оди напред.
Време е за нов млад, перспективен и амбициозен градоначалник. Време е за Охрид за сите луѓе, додаде тој.

Најнови вести