сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кербер нема да игра на Олимписките игри во Токио

Кербер нема да игра на Олимписките игри во Токио

Поранешниот прв светски рекет во женскиот тенис, Анжелик Кербер објави дека нема да игра на Олимписките игри во Токио.

Трикратната шампионка на грен слем турнирите објасни дека на нејзиното тело „му треба одмор по неколку стресни недели“ и дека „треба да се опорави пред да се натпреварува повторно ова лето“

За време на сезоната на тревнати терени, Германката ја освои титулата во Бад Хомбург и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.

Таа е носител на сребрен медал на Олимписките игри 2016 во сингл.