недела, 21. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Иванишевиќ: Луѓето мислат дека е лесно да се соработува со Ѓоковиќ

Иванишевиќ: Луѓето мислат дека е лесно да се соработува со Ѓоковиќ

Горан Иванишевиќ веќе неколку години е дел од стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ и со своето знаење, квалитет искуство му помогна на Србинот да освои неколку грен слем титули и да остане на првото место на АТП листата.

Резултатите доволно говорат за нивната соработка, довербата која имаат еден кон друг, ама да се биде тренер на Ѓоковиќ воопшто не е лесно и тоа отворено го признава освојувачот на Вимблдон од 2001 година.

-Искрено, многу е стресно. Луѓето мислат дека мојата работа со Новак е лесна, ама не е. Би му дал на некого една недела од мојата работа да види и дали ќе ми ја врати таа работа. Одлично е да се работи со таков спортист, но исто така многу се бара.

-Финалето не е доволно добро, трофејот мора да се освои. Ние броиме само победи, броиме само грен слемови. Голем стрес е, но јас го избрав и го сакам. Ме тера да научам повеќе и да бидам подобар тренер и личност. Јас навистина уживам во тоа, -истакна Иванишевиќ.

Ѓоковиќ минатата седмица триумфираше на Вимблдон и со таа победа се израмни со Рафаел Надал и Рожер Федерер по бројот на освои пехари на најголемите турнири (20).