петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

По 127 години сменето мото на Олимписките игри

По 127 години сменето мото на Олимписките игри

Олимпиското мото е сменето на сесијата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во Токио (Јапонија). Тоа е одобрено едногласно.

Сега мотото ќе звучи вака: „Побрзо, повисоко, посилно – заедно“.

Претходното мото гласеше: Побрзо, повисоко, посилно! Ова мото беше одобрено од првиот Олимписки конгрес уште во 1894 година.

Новото мото го предложи претседателот на ИОК, Томас Бах.

– Ова е значаен настан, напиша Бах на социјалните мрежи.

Летните олимписки игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.