среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометарки одбија да играат во бикини гаќички, па добија казна

Ракометарки одбија да играат во бикини гаќички, па добија казна

Светската ракометна асоцијација (ИХФ) парично ја казни норвешката женска репрезентација во ракомет на песок, откако ракометарките одбија да настапат во бикини гаќички и порачаа дека тоа го сметаат за сексуализација на спортистките.

Норвежанките го игнорираа предупредувањето да се придржуваат до протоколот и се појавија во кратки шорцови на песокот во натпреварот за третото место на Европското првенство во Варна, а ИХФ им изрече поединечна парична казна од по 150 евра, или вкупно 1.500 евра.

Норвешката ракометна федерација соопшти дека ќе ја плати казната, изразувајќи им поддршка на своите ракометарки.

-Горди сме на девојките, кои настапија на Европското првенство во ракомет на песок. Го повишија гласот и порачаа дека е доста, објави Норвешката ракометна федерација. (МИА)