Конор МекГрегор се здоби со скршеница на ногата на мечот против Дастин Поарие.
Ирецот на крајот од првата рунда доживеа скршеница што го спречи да ја продолжи борбата и забележа нов пораз од Поарие, втор во последните шест месеци.
По операцијата, МекГрегор ќе биде на патерици шест недели, а потоа ќе започне процесот на опоравување.
Она што е сигурно е дека 33-годишната ММА ѕвезда нема да се гледа во октагон најмалку една година. Ова го потврди шефот на УФЦ, Дана Вајт.
„Ќе му треба една година да закрепне и навистина не знам кога повторно ќе го гледаме“, изјави Вајт за „Фокс њуз“, додавајќи:
“Ќе видиме. Ова е жестока игра, и тој изгради огромно име и заработи планина пари. Ќе видиме како ќе се развива остатокот од неговата кариера”, додаде првиот човек на УФЦ.
МекГрегор во ММА кариера е со сооднос од 22 победи и шест порази.