На вечерашната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во општина Карпош се обрати пратеничката Гордана Силјановска Давкова која што истакна дека равен илузионизам владее во оваа земја со оваа власт, и нагласи дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ не гласал за Бехтел и Енка договорот.
„Ако немаме силни институции тогаш нема да имаме ни добри закони.Ние немаме институции, а не добри институции. Правен илузионизам владее во оваа земја, со оваа власт. Во моментов имаме речиси 5890 закони замислете, донесени за 30 години. Луѓето мислат дека произведувајќи регулатива прописи, норми, дека ќе ги решат проблемите. Нашите закони не решаваат општи прашања, општи проблеми, туку лични и колективни. Затоа тие се хартија, затоа не се носат во редовна процедура, најчесто се носат во скратена постапка, за да се избегне дебатата, за да се избегне инклузивниот модел и се разбира го распрталија европското знаме“ – нагласи Силјановска Давкова.
Таа посочи дека понекогаш ја зачудува молкот на европските институции во Македонија.
„Туку што беше изгласан таканаречениот закон за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор делница Тетово -Гостивар- Букојчани проектот за автопатот Требеништа- Струга-Ќафасан, и коридорот 10,исто постапката скратена.Ви личи ли ова на закон? не ова е каконекој меморандум, квази договор. И како може да утврдите стратешки интерес со приватна компанија односно корпорација. Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за овој закон. Тие едноставно го игнорираа овој закон после една сериозна аргументирана критика со отворени дилеми на кои што бараа одговор. Дури и нашиот претседател на државата си го потпиша законот така со еден потег на перото и потоа исто се повика дека никој не бил против и се повика на уставниот суд. Ако падне овој закон на уставен суд претседателот треба да си добие импичмент за кршење на уставот министерот за борба со корупција треба да си поднесе оставка а и другите двајца министри тоа ќе биде доказ дека има спремност за владеење на правото“ -истакна Силјановска Давкова.