Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски им посака среќа на македонските олимпијци.
-Гордо се вее МАКЕДОНСКОТО знаме на олимпискиот стадион во Токио. Со среќа дечки, напиша Мисајловски на Фејсбук, кој секогаш дава поддршка.
Знаменосец на македонската делегација беше таеквондистот Дејан Георгиевски, крај кого се појави и Арбреша Реџепи, која во последен момент доби зелено светло да биде дел од отворањето откако вчера беше објавено дека била во контакт со лице позитивно на оронавирусот.
Македонската делегација брои осум спортисти, а прв на мегдан утре наутро ќе излезе натпреварувачот во стрелаштво Борјан Бранковски, во квалификациите во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.