среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кинезот Ли крена 313 килограми за злато и олимписки рекорд

Кинезот Ли крена 313 килограми за злато и олимписки рекорд

Кинескиот натпреварувач Фабин Ли го освои олимпискиот златен медал во кревање тегови во категоријата до 61 килограм.

Актуелниот светски шампион до златниот медал на Игрите во Токио дојде откако подигна вкупно 313 килограми со што го собори олимпискиот рекорд и на Кина и го донесе петтиот златен медал досега во Токио.

Сребрениот медал му припадна на натпреварувачот од Индонезија Еко Јули Ираван кој крена 302 килограми, додека Казахстанецот Игор Сон со подигнати 294 килограми го освои бронзениот медал.