вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Потребни се предвремени парламентарни избори, СДСМ нека оди со една единствена точка во програмата „Ерга Омнес”

Василевска: Потребни се предвремени парламентарни избори, СДСМ нека оди со една единствена точка во програмата „Ерга Омнес”

Професорката и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска на вечерашното гостување во емисијата 24 Анализа на ТВ 24 истакна дека на Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори.

Како што вели таа, на предвремените парламентарни избори СДСМ  може да оди со една единствена точка во програмата „Ерга Омнес“ за промена на името, доколку смета дека народот ја поддржува таквата политика.

Темата на емисијата беа преговорите за името и за тоа, што во моментов прави владата на Заев по однос на ова прашање.

Василевска констатираше дека преговорите се дојдени во фаза на ќор сокак, оттаму стравот на Заев е очекуван. Таа потенцира дека црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ се поставени и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се работи на штета на Македонија. Сега од Заев се очекува да го испорача тоа што го ветил да го испорача вели професорката.

Според Василеска секоја власт има обврска да донесе подобар живот за граѓаните, проблемот со оваа влада е тоа што промената на името е поставена како главна цел.

-Претседателот Ѓорѓе Иванов како и преговарачот Васко Наумовски се целосно исклучени од процесот, проблем има и со транспарентноста. Нетранспарентноста на владата по однос на преговорите отвора сомнежи, забележа Василевска.

Најнови вести