недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Модерна ја тестира вакцината кај деца под 12-годишна возраст

Модерна ја тестира вакцината кај деца под 12-годишна возраст

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ денес објави дека планира да го прошири опсегот на испитување на вакцината против Ковид-19 на помлади деца, со цел подобро да открие ретки несакани ефекти, како што е некакво срцево воспаление неодамна пријавено од Американски здравствени власти.јавува Танјуг.

Во соопштението на компанијата се наведува дека е во преговори со американската Администрација за храна и лекови за вклучување на поголем број учесници во студијата кои се помлади од 12 години, пренесува агенцијата АП.

Планирано е да се тестира вакцината на околу 7.000 деца, од кои некои ќе бидат на возраст од 6 месеци.

Објавувањето доаѓа во време кога бројот на случаи на инфекција на коронавирусот се зголемува во САД, а училиштата се подготвуваат да ги пречекаат учениците.

Во исто време, регулаторите продолжуваат да ги разгледуваат случаите на редок облик на воспаление на срцето познат како миокардитис, што е забележано кај мал број тинејџери кои примале инекции Модерна или Фајзер.

Американски официјални лица и независни медицински експерти минатиот месец изјавија дека придобивките од вакцините далеку ги надминуваат ризиците од несакани ефекти, кои се пријавени кај неколку стотици лица на возраст под 30 години.