Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски денеска се пласираше во финалето на Олимписките игри. По две децении македонскиот спорт доаѓа до медал на Олимписките игри, а нашиот Дејан ќе се врати дома со сребро или злато.
Финалната борба против Русинот Владислав Ларин е закажана во 14:45 часот, а преку социјалните мрежи Дарко Костовски информира дека се организира заедничко следење на финалето во скопски Бутел.
-Кој може и сака организирано е заедничко гледање на финалето со почеток од 14 часот во холот на ОУ Св. Климент Охридски Бутел, местото каде што ТКД Бутел и Деки започнаа со оваа магија. Ќе ни значи вашето присуство, да направиме невидена МАКЕДОНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА ЛАВОТ. ЗА МАКЕДОНИЈА, со Господ, напиша Костовски на Фејсбук.