недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Дејан Георгиевски дојде до сребрен медал на Г1 турнирот во Скопје, Мила Релјиќ освои злато

Дејан Георгиевски дојде до сребрен медал на Г1 турнирот во Скопје, Мила Релјиќ освои злато

Скопје и „Јане Сандански“ беа домаќините на најелитниот таеквондо крем во измиантитве два дена, со тоа што главните борби беа закажани за денеска на Г1 турнирот кој се одржа во македонската престолнина.

Овој престижен турнир доби шанса да биде дел од бодувањето за Летните Олимписки Игри во Париз и тоа само покажува дека таеквондото бележи сериозен напредок во нашата земја, кој пред се му се должи на Дејан Георгиевски.

Нашиот сребрен медалист од Токио беше главен фаворит за освојување на златото на домашен терен, но за жал мораше да се задоволи со второто место и ново сребро во витрините откако загуби во финалната борба од Берат Хусејин Демирџиоглу од Турција.

Македонски натпреварувачи денеска имаше и во женска конкуренција, а во тие борби најголемиот успех го направи младата Мила Рељиќ.

Во категорија до 62 килограми, Мила успеа да оствари три победи, а онаа последната над Србинката Надја Савковиќ и донесе златен медал.