недела, 21. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

„Го скршив мразот против светскиот првак и дадов сѐ од себе против останатите ривали“

„Го скршив мразот против светскиот првак и дадов сѐ од себе против останатите ривали“

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски испиша историски успех на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, каде што го освои сребрениот медал и тоа е најголем успех во македонскиот спорт од независноста.

Георгиевски кажа дека најважна му била првата борба на игрите, а исто така додаде дека го дал максимумот против сите негови ривали.

„Чувството е одлично да се израдува македонската јавност. Во моментов сум под импресии и не можам да кажам ништо повеќе. Најважна беше првата борба, кога го скршив мразот против светскиот првак. Како што кажав и претходно, ќе го дадам максимумот против сите кои се дојдени на Олимписките игри. Добив голема поддршка и благодарен сум поради тоа“, вели Георгиевски.