Доскорешниот голман на битолски Еурофарм Пелистер, Карим Хендави ја „спушти ролетната“ на својот гол денеска на олимпискиот турнир, па со 17 одбрани и 45 осто успешност блескаше во триумфот на Египет предводен од бившиот вардаров тренер Роберто Парондо против фаворизираната Шведска со 27-22.
Хендави одбрани 17 пари од 38-те удари кон неговиот гол, а тоа надополнето со добрата игра во одбрана на Египет му донесе голема победа на ракометниот олимписки турнир, па на полувреме „фараоните“ имаа плус четири (13-9) и потоа Шведска постојано ја бркаше негативата, но сето тоа беше безуспешно.
Пелас за Шведска даде седум гола и беше најефикасен на мечот, а Санад со шест беше прв кај голгетерите за Египет.