Еден од фаворитите за медал, Конор Филдс во трките со БМХ-велосипеди, се искрши и заврши во болница на третата полуфинална трка утринава во Токио, па од патеката беше изнесен на носилни и со амбулантно возило пренесен на клиника во јапонската престолнина.
Филдс имаше жесток пад на првиот свиок од 180 степени, по што остана да лежи на патеката, а лекарскиот тим веднаш интервенираше и на носилки го изнесе од олимпиското борилиште.
Како што објави портпаролот на американската делегација, тој е во свесна состојба, но ги очекува дополнителните испитувања, а степенот на повреди не е познат засега.
Филдс е актуелен олимписки шампион во трки со БМХ, но неговиот обид да ја одбрани круната заврши ужасно. Поради силниот дож, трките со БМХ доцнеа 45 минути, а на крајот Ник Киман од Холандија стигна до златото.
BMX racing is brutal.
Hope Connor Fields is alright 🙏 pic.twitter.com/QZCkvuk2eW
— djspice (@officialspicyj2) July 30, 2021