понеделник, 26. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Повредени се 19 лица: Погледнете како изгледа тешката несреќа, се преврте германски автобус кој стигнал од Србија

Повредени се 19 лица: Погледнете како изгледа тешката несреќа, се преврте германски автобус кој стигнал од Србија

Автобус кој патувал од Белград до Стокхолм, се превртел во Германија во сојузната држава Банденбург, јавуваат српските медиуми.

Во автобусот имало 34 патници, од кои 19 биле повредени, пренесува „Билд“.

Ралф Меијер, портпарол на полицијата рекол дека автобусот патувал од Белград до Стокхолм низ Берлин, и во него имало многу интернационални патници. Меѓу нив двајца од Израел, еден од Шведска, и седум Срби.

Од 19 повредени, девет биле во тешка ситуација, соопштила полицијата во Бранденбург. Тие се префрлени во болница. Автобусот имал германски таблици.