среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Случувањата во Советот на општина Гази Баба загрижувачки: Градоначалникот се обидува на сила да донесе ребаланс на буџетот

Случувањата во Советот на општина Гази Баба загрижувачки: Градоначалникот се обидува на сила да донесе ребаланс на буџетот

За прв пат во историјата на општина Гази Баба се носи ребаланс кој не е поминат на комисија, и без можност за поднесување на амандмани. Се кршат закони, процедури и деловник за работа на општината, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ваквото нечовечно и незаконско работење на градоначалникот Борче Георгиевски покажува насилие и нервоза во носењето на ребаланс што самото укажува дека се штитат криминални интереси на бизнис кругови. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во Гази Баба повикува на присуство на јавност и медиуми, со цел да го евидентираат, криминалот и кршењето на процедури кои се одвиваат во овој момент. За потсетување, ребаланс на буџетот на Општина Гази Баба, се донесе пред 20-тина дена, што е уште една потврда дека овој нов ребаланс е за лични и криминални интереси, информираат од партијата.

За ова, реагираше и Жаклина Пешевска, претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Информациите кои доаѓаат до мене, за случувањата во Советот на Општина Гази Баба се загрижувачки. Повеќе од 23 часа, е во тек седница на Советот, на која градоначалникот се обидува на сила, и надвор од утврдена постапка да донесе ребаланс на буџетот на Општина Гази Баба, вели Пешевска.

-Информациите кои ги имам, говорат дека целокупната седница е со бројни прекршувања на деловникот, законот за локална самоуправа и други прописи. Ваквите случувања се недозволиви, за демократијата на Република Македонија! Јавно апелирам, до градоначалникот на Општина Гази Баба, да се вразуми и да постапува во интерес на граѓаните на Општина Гази Баба а не за личен и партиски интерес, пишува таа на Фејсбук.

Најнови вести