вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски: Ако се обвинети за неделовничко работење, не треба да се судат за тероризам

Пендаровски: Ако се обвинети за неделовничко работење, не треба да се судат за тероризам

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема никаква логика организаторите да добијат 6 години, а извршителите 18 години затвор, бидејќи се судат за исто дело.

-Апелацискиот суд ќе има работа да потврди дали има доволна основа да се осудат обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски за терористичко организирање за настаните на 27 април, рече денеска на брифинг со новинарите претседателот Стево Пендаровски.

-Ако го нема Груевски тука, тогаш многу тешко може да се дојде до вистинската слика за 27 април, смета Пендаровски.

Според него, ако главниот аргумент на обвинителството е дека седницата била водена спротивно на деловникот, тогаш обвинетите треба да одговараат за неделовничко работење, а не за терористички напад.

-Ако е точно дека главниот аргумент е дека водењето на седницата е спротивно на деловник, тогаш тоа евентуално би било неделовничко работење а не организирање на терористички напад, рече Пендаровски.

Смета дека нема никаква логика организаторите да добијат 6 години, а извршителите 18 години затвор, бидејќи се судат за исто дело.

Најнови вести