вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ без медал си заминува од Токио, познато зошто го предаде дуелот во мешани двојки

Ѓоковиќ без медал си заминува од Токио, познато зошто го предаде дуелот во мешани двојки

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да и донесе медал на Србија на Олимписките игри во Токио, откако денеска прво го загуби натпреварот за бронзеното одличје во машка конкуренција, а потоа го откажа натпреварот за третото место во мешани двојки.

Од медицинската служба на Меѓународната тениска асоцијација (ИТФ) објавија попладнево дека Ѓоковиќ поради повреда без борба го предал дуелот во мешани двојки.

– Новак Ѓоковиќ се откажа од настап во дуелот за бронзениот медал во мешани двојки поради повреда на левото рамо. Ешли Барти и Џон Пирс без борба ги победија Ѓоковиќ и Нина Стојановиќ и освоија бронзен медал за Австралија, објави ИТФ на својот Твитер профил.

Претходно денеска, српскиот тенисер го загуби натпреварот за бронзениот медал во машка конкуренција од Шпанецот, Пабло Карењо – Буста со 6:4, 6:7, 6:3 и без медал го заврши настапот на олимпискиот тениски турнир.