вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ОИ: Дресел го освои четвртото злато во Токио

ОИ: Дресел го освои четвртото злато во Токио

Кејлеб Дресел го освои четвртиот златен медал на овие Олимписки игри откако Американецот беше најбрз и на трката од 50 метри слободен стил.

Најдобриот пливач на САД воедно постави олимписки рекорд и во оваа дисциплина со време од 21.07, а за малку не успеа да го урне и светскиот рекорд од 20.91 секунди.

Среброто го освои Французинот Флоран Манаду, бронзениот медал припадна на Бразилецот Бруно Фратус.

Дресел беше најдобар во 100 метри слободен стил, трка на која исто така постави нов олимписки рекорд, а триумфираше и на 100 метри делфин, како и штафета 4×100.