Со денешните последни натпревари од групната фаза се комплетираа паровите за четвртфиналето на машкиот ракометнен турнир во Токио.
Данска го брани златниот медал и останува на врвот меѓу фаворитите за највисок пласман. Главен конкурент за првото место се чини дека ќе има во Франција, но и во незгодниот Египет и Шпанија.
Четвртфинални парови на ракометен турнир во Токио:
- Франција – Бахреин
- Германија – Египет
- Шведска – Шпанија
- Данска – Норвешка
На 3 август се играат сите четири дуели, два дена подоцна се закажани полуфиналињата, а конечната разврска се очекува на 7 август.