Атлетичарката Јасмин Камачо-Квин победи во женското финале на трката 100 метри со пречки и го освои првото олимписко злато во историјата на Порторико во овој спорт.
Ова е и прво одличје за Порторико на Олимпијадата во Токио, за кое Камачо-Квин најави борба уште во полуфиналето кога го урна олимпискиот рекорд со време од 12.26.
Американката Кендра Херисон се закити со сребрениот медал по ова финале. Камачо-Квин истрча за 12.37 секунди во финалето, Херисон запиша време од 12.52, додека бронзениот медал припадна на Јамајканката Меган Тејпер со време од 12.55 секунди.