Голем шумски пожар избувнал попладнево во Општина Ранковце. Огнот зафатил голема површина шуми, а се проширил и во дел од населените места, Радибуш и Отошница, опожарувајќи и дел од куќите.
Огнот се движи кон браната во село Отошница, а надлежните стравуваат дека може да се прошири и кон околните села.
Командирот на Територијалната противпожарна единица од Ранковце рече дека огнената стихија е голема, споредувајќи ја со големите пожари во Калифорнија.
Рече, опасност постои и од соединување на пожарот со оној во соседната општина Старо Нагоричане.