сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 98 санкционирани возачи на мотоцикли

МВР: 98 санкционирани возачи на мотоцикли

Во текот на вчерашниот ден (03.08.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 98 возачи, од кои 30 биле исклучени од сообраќај.

Од нив, 62 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 21 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести