вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата ќе ги награди сите пожарникари што го гаснеа пожарот во Кочани – еве по колку пари ќе добие секој

Владата ќе ги награди сите пожарникари што го гаснеа пожарот во Кочани – еве по колку пари ќе добие секој

Владата на денешната седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот што го зафати Кочани и околината, напиша вечерва на својот Фејсбук профил вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.

-Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината. Нивната пожртвуваност и професионалност нема да останат заборавени, наведе Николовски.

Вицепремиерот Николовски уште еднаш изрази благодарност кон сите професионалци, волонтери, граѓани и институции кои, како што напиша, несебично учествуваа во безмилосната борба со огнот.

Порача дека мораме да останеме тука едни за други секогаш кога е потребно.

Најнови вести