Локализиран пожарот кај маалото Пасјак во делчевското село Нов Истевник од каде на 2 август започна и серијата пожари кои зафатија повеќе населени места во делчевско и пехчевско. Натчовечки напори на луѓето кои деноноќно гаснеа ја победи огнената стихија од распространување низ населбите и селата кој гравитираат со планината Средна.
Според информациите од самиот терен во пожарот опожарени се неколку куќи опфатени на терен каде немало безбеден пристап, но повеќето од маалата во близина се спасени.
Во гаснењето учествуваа екипа ловџии, мештаните од селото, полицијата, армијата, пожарникарите, шумарската служба, шумската полиција и неколку против пожарни единици од Бугарија и Словенија.
Борбата со стихијата продолжува кај селата Тработовиште и Вирче, а според првични проценки досега е опожарена површина од 44,5 километри квадратни.
Во однос на пожарите во пехчевско, забележано е повторно проширување на огнената стихија. Ситуацијата како што велат од терен е неповолна, а граѓани се организираат и заминуваат за гаснење на пожарот.