вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Казнети 173 возачи за брзо возење

Казнети 173 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (05.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.

Од нив, осум возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 87 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 86 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести